Веста за вчерашното притворање на Едмонд Темелко, актуелен градоначалник на Пустец, единствената општина на етничките Македонци во Република Албанија, се најде во ударни термини на сите електронски медиуми во Тирана и во внатрешноста на земјата. За тоа денеска нашироко известуваат и печатените медиуми.

Niko-Kitani

Нормално, случувањата со најголем интерес ги следат Македонците, додека нивните претставници, од здруженијата и од политичките партии, засега се воздржуваат од коментари. Од коментар се воздржа и генералниот секретар на партијата чиј претседател е Темелко – Македонската алијанса за европско интегрирање, Васил Стерјовски, кој е и советник во општина Пустец, како и претседателот на Македонското друштво „Илинден“ во Тирана, Никола Ѓурѓај.

Изјава за „Мета“, единствено даде Нико Китани, претставник на Македонците во државниот Комитет за етнички малцинства на Република Албанија.

Темелко: Судот донесе правилна одлука и не е против Македонците во соседството

Според Китани, многу е важно како секој Македонец во Албанија ќе го прими она што го направи нивната матична држава, како што тој вели – нашата „мaјка“, во која сите тие гледаат како на нивни најголем заштитник. Китани смета дека со притворањето на Темелко нивната „мајка“ ѝ дала добар повод на „маќеата“!

Китани објаснува дека на социјалните мрежи прочитал дека Темелко бил приведен и се товари за изборни измами.

– Не викам ако е Македонец од Албанија и да не одговара, доколку навистина се докаже тоа. Пред правдата сите сме исти, но можеа да најдат некој друг начин за да го извадат пред правдата, а не со притворање. Неговото притворање мислам дека ќе остави последици во понатамошното остварување на целите на Македонците во Албанија – вели за „Мета“ Нико Китани од државниот Комитет за етнички малцинства на Република Албанија.

 

META

Слични содржини