Никој нема да биде амнестиран од одговорност без разлика дали е пратеник, полицаец, припадник на АРМ, судија, обвинител или обичен граѓанин

од Vladimir Zorba

Вчерашните снимки од безбедносните камери во холот на Собранието на Р.Македонија го докажаа директното учество на ВМРО-ДПМНЕ во обидот за организирање на терористичко загрозување на уставниот поредок и обид за убиство на дел од пратениците.

Снимките објавени вчера се клучниот доказ дека Никола Груевски постојано лаже. Иако постојано тврдеше дека неговата партија нема ништо со упадот во Собранието, на снимките од надзорните камери јасно се гледа дека најмалку шест пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и еден пратеник од нивната коалицијата, и помагаат и ја поттикнуваат групата во извршување на низа кривични дела.

Ако досега преку проектот Вистината за Македонија граѓаните можеа да слушнат, преку вчерашните снимки, можат и да видат на кој начин функционира ВМРО-ДПМНЕ.

Целата јавност можеше да види кој го планирал, поттикнувал и го организирал упадот на толпата на 27 април.

Срамното и криминално постапување на Марко Зврлевски, неговото обвинителство и извршителите на Груевски во судството се последниот обид за спасување на виновниците за нападот на Собранието. За тоа Зврлевски и партиските судии на ВМРО-ДПМНЕ станува соучесник на нарачателите и извршителите на инцидентот.

Тоа значи дека Зврлевски, судските извршители на Груевски, како и Митко Чавков, пратениците на снимките, структурите од УБК, МВР и АРМ кои учествуваа во нападот, како и нарачателите и непосредните извршители на кривичните дела ќе мора да одговараат за своите постапки пред независни и професионални судови, согласно Уставот и законите на Република Македонија.

Никој нема да биде амнестиран од одговорност без разлика дали е пратеник, полицаец, припадник на АРМ, судија, обвинител или обичен граѓанин. Македонија нема да биде правна држава се додека во целост не биде расчистен организираниот напад во Собранието, порача Шилегов.

 

 Заев оди за Брисел а набргу ќе имаме и нова ВЛАДА

одоговри на новнарски прашања:

П1: Денес имаме ослободителни пресуди така што…

Искрено се надевам дека никој кој учествувал во оваа партиски нарачана пресуда, нема да го доживее она што го доживеаја пратениците на СДСМ и парламентарното мнозинство на нивните работни места да бодат нападнати од толпа за да знаат дека ваквите пресуди што ги донесоа се криминал, срам и можеби еден од најцрните денови во историјата на македонското судство.

П2: Ќе продолжат ли и денес разговорите помеѓу партии околу состав на новата Влада и дали ќе се разговара за министерските места?

Разговорите за состав на Владата знаете дека перманентно траат, во моментот кога ќе имаме информација за споделба, таа ќе биде соодветно споделена.

П3: Денес ќе има работни групи или мандатарот ќе има средби?

Преговорите траат на сите нивоа, тоа можете да го видите и во текот на вчерашниот ден, како и во текот на денешниот ден, сите активнотсти што ќе се одвиваат, ќе ги обелодениме.

П4: Ќе има ли приближување на ставовите, вчера и БЕСА беа тука повторно?

Мислам дека делот којшто се однесува на заокружување на принципите и начинот на функционирање на новата Влада, полека, полека, се затвора. Така што ќе влеземе во ефектуирање на разговорите, околу составот на Владата.

 

П5: Дали е воопшто доведено во прашање поддршката на БЕСА за влез во Владата?

 

Повторно велам, штом ќе биде било која информација зрела за споделување со јавноста ќе ја споделиме. Вие сте сведоци на изјавите и на претседателот и мандатар Зоран Заев, меѓутоа и на претседателите на политичките партии којшто го поддржаа мнозинството за состав на Владата.

П6: Дали Заев ќе оди утре во Брисел?

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и мандатар за состав на новата Влада доби лична порака од Еврокомесарот Могерини за присуство на утрешната средба којашто најпрво ќе опфаќа билатерална срдба, помеѓу претседателот Заев и Еврокомесарот Могерини и потоа заедничката вечера со Премиери од регинот.

 

Слични содржини