Актерката Никол Кидман стана икона на стилот. Ѕвездата беше одредена за таква на втората годишна церемонија на списанието InStyle.925f670982f667e0ec02206d390ebf26

Настанот се одржа во Лос Анџелес, соопштија американските медиуми.

Примајќи награда, Никол призна дека интересот кон модата го должи на мајка си.

Награда за стилски пробив доби актерката со индиски корени Пријанка Чопра, а Лесли Фремар стана моден стилист на годината. Том Форд исто доби награда за најдобар дизајнер.

Пејачот Леон Бриџис беше одличен за најстилски маж.

За време на церемонијата се раздаде и одликувањето “Бранител”, тоа отиде во рацете на Шејлин Вудли која го користи своето време на сцената, за да зборува за својата политичка ангажираност.

“Не можеме да молчиме повеќе, не можеме да умреме во неактивност” – изјави Вудли. Таа беше уапсена на 10 октомври на протест против нафтовод во Северна Дакота.

Ѕвездата ја повика публиката да прави нешто повеќе од тоа да праќа твитови или да потпишува петиции.