Никол Кидман се чувствувала опустошено по разводот со Том Круз

од Vladimir Zorba

Австралиската актерка Никол Кидман, која наполни денеска 50 години, немала со кого да го прослави добивањето на наградата “Оскар” за главна женска улога во “Часовите” во 2003 година, откако во 2001 се разделила со актерот Том Круз и имала чувство дека сè ѝ  е одземено. Тогаш таа долго размислувала за тоа што сè уште нема свој живот и се прашувала што не е во ред.

Кидман има две деца – 24-годишната Изабела, и 22-годишниот Том, а најблискиот нејзин човек сега е сопругот Кит Урбан. На 50 Кидман се чувствува целосно среќна и признава дека ѝ се чини дека уште е на 21. Запрашана од британскиот весник “Дејли телеграф” како се чувствува на половина век, Кидман одговара дека го смета тоа како вид достигнување.

Но, сè уште се обидува да се однесува како девојка на 21. Русокосата убавица ќе го слави својот роденден со семејството и со тоа на сестра си. Никол има своја компанија – Blossom Films, но уште не режирала филм, нешто што не исклучува дека ќе го направи во иднина. Иако ќе наполни 50, актерката истакнува дека работи повеќе од било кога. Таа се снима и за големиот екран, и за телевизија и е задоволна дека кариерата опфаќа различни форми на изразување.

Слични содржини