Никол Кидман неодамна призна дека е многу среќна жена, бидејќи има неверојатен сопруг, музичарот Кит Урбан и големо семејство. Актерката е мајка на 4 деца – посвоени за време на бракот со Том Круз: Изабела (25) и Конор (21) и 8-годишната Сандеј и 6-годишната Фејт од оваа нејзина законска половина. Убавицата сепак изјави дека се надева дека повторно ќе стане мајка и тоа оваа година.

“Сè уште си фантазирам и се надевам дека нешто може да се случи оваа година и со Кит да имаме уште бебиња. Баба ми ја родила мајка ми на 49 и јас би била бескрајно среќна, ако ми се случи истото. Децата се радоста на мојот живот “, откри ѕвездата за списанието Event.

Неодамна се појавија гласини дека Никол е во лоши односи со посвоените син и ќерка, бидејќи не ја делат нивната скиентолошка вера. Кидман тврди дека причината е друга – нивната возраст.

“Тие се уште се дел од животот и моето срце, но веќе се возрасни и имаат сопствен живот. Меѓу сè што сум преживеала, мајчинството е највозбудливото нешто што ме промени и ме направи подобра.

Имав многу проблеми со забременувањето, па и двајцата сакавме да посвоиме дете. Точно е дека кога децата растат, е потешко да бидете заедно, но тие секогаш остануваат твои деца и ти нивна мајка “, коментира за темата Никол.

По долго “одење по маките” актерката речиси очајно сфатила дека нема да може да стане мајка на природен начин и зачнувањето на Сандеј за неа била вистинско чудо. Потоа со Кит се одлучиле да се обидат со сурогат мајка и така и Фејт се појавила на светот.

“Срцето ти се крши повторно и повторно и почнуваш да си велиш дека никогаш нема да се случи. Искрено никогаш не сум верувала дека ќе родам на 41. По толку многу години обиди, тоа беше вистинско чудо. Се одлучивме за сурогат мајка, бидејќи и двајцата многу сакавме уште едно дете. Чувствував дека моите шанси да забременам стануваат помали и потоа се појави Фејт “, објасни Кидман.