Никол Шерцингер се чувствува како со “скршено срце”, откако ја прекина врската со шампионот на Формула 1, Луис Хамилтон.Пејачката и натпреварувачот беа заедно во текот на седум години, а неколку пати се делеа за кратко.a0bcbd8bcadc0d7a53c35e68ae347367

Сегашната разделба сепак е конечна, без оглед што музичката ѕвезда е многу вознемирена. Самата Никол изјави за весникот Sun: ” Тоа беше најтешката одлука што требаше да ја направиме, но ние решивме заедно “.

“Го сакам Луис и знам дека и тој ме сака. Ние не бараме ништо друго, освен среќа и најдоброто еден за друг. Во моментов се обидувам да останам силна во вербата “, дополни пејачката.

Според извор во последно време Никол и Луис имале многу скандали, од кои еден е врзан со протерувањето на натпреварувачот од Формула 1 од станот на пејачката.

“На Никол ѝ писна и сакаше Луис да си замине, но тој не беше подготвен и почна да вика, за да му отвори. Персоналот на зградата беше загрижен за бучавата, затоа и ги замолија да ги решат своите проблеми насамо “.

Како најверојатната причина за разделбата се наведува неподготвеноста на Хамилтон да се ожени и да формира семејство со повозрасната од него Шерцингер. Бурните распореди и на двајцата пак се дополнителни компликации ситуацијата.

Слични содржини