Никол Шерцингер ја испушти средбата со Мајкл Џексон

од Vladimir Zorba

Американската пејачка Никол Шерцингер многу жали што испуштила можноста да се запознае со поп легендата Мајкл Џексон, кој почина во 2009 година поради фатална интоксикација. Во истата година нивниот заеднички пријател – раперот Вил Ај Ем – еднаш бил со Џеко и ја  поканил Никол да им се приклучи кон нив, но таа сакала да се одмора дома, бидејќи имала напорна  програма во последните денови.

Малку подоцна кралот на попот  си отиде, а на неа само и останало  да жали што не отишла да се запознае со него. “Жалам што ја одбив поканата. Посакувам да беше жив “, изјави убавицата. Во минатото пејачката имала блиско пријателство со друга музичка икона – Принс, кој почина по предозирање на фентанил во април минатата година. Таа изјави дека често размислува за својот покоен пријател и ги слуша неговите песни.

Слични содржини