Изгледа Македонија се доближува до брз излез од политичката криза. За тоа, најверојатно, излез ќе биде преодна, односно  во случајов ,  како што се договара политичка, а не техничка или каква било друга влада за национален спас,  брифираат дипломатски извори за Локално.мк

todorovgruevski

Според истите неофицијални извори на маса се ставени неколку опции, но едно е сигурно, останува премиерското место за ВМРО ДПМНЕ, но не и за Никола Груевски. Неговото место ќе  го заземе најверојатно идниот премиер на политичката влада Никола Тодоров, иако во  игра не е иклучен и Зоран Јолевски. Другите  клучни министерства Финасии, Правда  и МВР  би биле на СДСМ.  Поделбата  на сите министерства ќе се решава со сите преговарачи во процесот, а дополнително ќе се лицитира со имиња  кои треба да бидат прифатливи за сите страни.

Според истите извори, Никола Груевски ќе се врати во партијата и ќе ја подготвува за следните избори кои би биле за околу 6 месеци, откако ќе се среди избирачкиот список , додека пописот и овојпат би изостанал заради краткото време.

Целосно препакување на челниците на Судсиот систем, потоа правно заокружување на процесите, целосно препакување на јавниот сервис МРТВ,  избалансираност во медиумите, се едни од точките од кои нема отстапување, велат дипломатските извори на локално.мк

Во втoрник во Скопје пристигнува еврокомесарот Јоханес Хан, кој би требало да одржи средба со лидерите на македонските партии за надминувањето на актуелната политичка криза.

Хан најпрво ќе има средба со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и Зоран Заев, а по оваа средба ќе биде одржана и лидерската средба во вообичаениот формат – лидерската четворка со амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, велат истите  дипломатски извори.

На оваа средба нема да бидат обелоденети детали од договорот , но веројатно ќе бидат усогласувани  работите на директната средба  Хан- Заев- Груевски. До колку не се дојде до усогласување на деталите, на следната средба  Хан ќе именува свој постојан претставник, а и САД ќе испрати свој преговарач заради убрзување  и спроведување на договорената рамка.
Хан  во Вторник во Македонија доаѓа заедно со тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан.

Слични содржини