Николиќ отсече: Србија нема никогаш да ја признае независноста на Косово

од desk2

Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово. Ова го изјави српскиот претседател Томислав Николиќ во рамките на состанокот на Советот за безбедност на ОН, пренесува руската новинска агенција TACC.


“Србија не го признава Косово, што и да ни понудат во замена и каков притисок да ни даваат. Станува збор за заштита на принципи и за следење на правдина. Оној кој се придржува кон принципите и се бори за вистината, е во право секогаш “, истакна Николиќ.

Претседателот истакна дека не постои ниту едно решение на ОН, што да потврдува дека автономниот регион Косово и Метохија не се наоѓа во составот на Србија.

“Србија е подготвена на договор, но не и на уцена, подготвена е за преговори, но не и кон еднострани одлуки, подготвена е за суштинска автономија на Косово и Метохија, но не и кон независно Косово”, увери српскиот шеф на државата.

Слични содржини