Николиќ: Србија ја следи ситуацијата во БиХ

од desk3

Србија ја следи ситуацијата во Босна и Херцеговина и нема да дозволи некој да ја изненади, изјави српскиот претседател Томислав Николиќ за „Вечерње новости“.

download-1

Тензиите во БиХ се зголемија по изјавите на пензиониран генерал и поранешен началнил на армијата на Босна и Херцеговина, Сефер Халиловиќ, дека планираниот референдум во Република Српска може да доведе до војна.

Референдумот закажан в недела беше забранет од Уставниот суд на БиХ како дискриминирачки за несрпското население, но властите во РС не се откажуваат.

Николиќ изјави дека се уште нема да го свика Советот за национална безбедност поради тензиите во БиХ, но оти тоа не значи дека Белград не ја следи ситуацијата.

Тој додаде дека очекува реакција од претседателот на претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ на изјавата на Халиловиќ. /МИА

Слични содржини