Николовска: Одлуките треба да се објават веднаш штом ќе се донесат – друго прашање е кога таа ќе биде ставена на веб страницата на судот

од Vladimir Zorba

Штом е донесена, одлуката на Апелациониот суд треба да биде објавена веднаш, апсолутно не е потребно да се чека за таа да и стане позната на јавноста. Друго прашање е кога таа ќе биде ставена на веб страницата на судот, коментира за Телма Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија на судот во Стразбур, околу најавите на Апелација дека одлуките за пасошите на Груевски, Јанакиески, Јанкулоска, Божиновски и Протуѓер јавноста ќе ги дознае дури утре, бидејќи така налагал таканаречениот АКМИС систем.

„48 часа воопшто не се потребни. Одлуката штом ќе се донесе, треба да се објави. Друго прашање е на писменото изготвување на одлуката. Диспозитивот на одлуката воопшто не е проблем да се објави, и тоа е делот на независноста во судството, за да не се врши апсолутно никакво влијание, значи еднаш донесена одлука, да не се менува, како што се случува кај нас“, вели Николовска.

Најголемиот сомнеж и недовербата кај граѓанството во судовите, вели таа, се раѓа токму на таа линија, бидејќи со одолговлекувањето на објавувањето на одлуките се остава простор за шпекулации.

„Одлуката, во моментот кога се одлага нејзиното донесување е една работа, а друга работа е објавувањето на веќе донесената одлука. Ако судот ја донел одлуката, може да ја објави преку претседателот на Советот, а оправдувањата дека таа треба да оди преку некој систем е во делот на појавување на таа одлука на интернет“, вели Николовска.

 

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини