Никому не прилега ретро стилот како на Лана дел Реј

од Vladimir Zorba

Лана Дел Реј е специјалната ѕвезда за 154-тото издание на Flaunt Magazine.

 Снимена од професионалниот објектив на фотографот Дејвид Лашапел, пејачката на ” Honeymoon” позира во женствен и нежен фустан во розова на Giambattista Valli од колекцијата висока мода.

Фотосесијата на Лана Дел Реј е инспирирана од 70-тите години и ја претставува како олицетворение на ретро кралица.

За постигнување на оваа сугестија, за позадина на кадрите се користат приградски пејзажи и фамилијарни сцени.

Современите модни производи за фотосесијата сепак ни од далеку не се ретро. Користени се нови предлози на модни куќи како Gucci, Brandon Maxwell и Miu Miu.

Сите кадри на Лана Дел Реј, кои нè враќаат успешно во минатите години – погледнете во нашата галерија.

Слични содржини