Нимиц да поднесе оставка и да се откаже и од понатамошни преговори за името на Македонија

од Vladimir Zorba

Во вторник, на 18 октомври, 2016 година, во градот Њујорк се одржа средба на претседателот на Бил Николов, претседател на Меѓународното македонско движење за човекови права и амбасадорот Метју Нимиц, специјален претставник на Генералниот секретар на Обединетите Нации во врска со прашањето за името. ММДЧП побара од Нимиц да поднесе оставка, како што ота го направи и неговиот претходник Робин О’Нил, и јавно да се откаже од преговорите за името.nimits

ММДЧП настапи со образложение дека не постои решение за 25-годишниот вештачки создаден спор, во кој што едната страна одбива да ги признае името, идентитетот, етничката припадност и јазикот на другата страна, па активно и транспарентно, мора да се признае, се обидува да ги елиминира. ММДЧП изразија незадоволство поради тоа што Обединетите Нации продолжуваат да се забавуваат со идејата Македонија присилно да го смени своето име и што дозволува цели 25 години да трае бесрамниот напад врз суверенитетот на Македонија и врз најосновните човекови права како што е самоопределувањето на македонскиот народ. За прв пат во историјата, Обедитетите Нации дозволуваат една земја да определува име на друга земја. Понатаму, ММДЧП истакна дека Македонија и Македонците отсекогаш биле познати под тоа име, тие „не го избрале“ името, па не можат ниту да изберат да се откажат од него. И покрај тоа што се тврди спротивното, Грција е таа која што се обидува да го „присвои“ името Македонија, што е всушност јасно видливо и од 1998 година кога е променета политиката на негирање на постоењето на Македонија и барањето да се прифати како нивно име.

Дури и да се земат во предвид бесмислените аргументи на Грција во создавањето на бесмислениот „проблем“ со името, нивното тврдење дека името на Република Македонија „создава конфузија” со “провинцијата Македонија” е манипулативно, затоа што зборот „Република” укажува на државност, се вели во соопштението на ММДЧП.

Слични содржини