Нимиц прво во Атина, па доаѓа во Скопје

од desk4

Медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на 31 јануари ќе допатува во Македонија, а средбите со државниот врв, ќе ги има веќе следниот ден, на 1 февруари. Агендата за неговата посета, се уште, е во фаза на услогласување.

Македонската Влада вчера потврди дека следната недела Нимиц ќе дојде во Македонија и дека во моментов тече координацијата помеѓу двете влади околу ова прашање.

 На последната рудна разговори за името што се одржа на 17 јануари во Њујорк медијаторот Нимиц излезе со сет сугестии и предлози и оцени дека на повидок е решение на долгогодишниот спор меѓу Грција и Македонија.

Во меѓу време, Владата ги почна консултациите и анализата на предложената рамка на Нимиц. По вчерашана прва директна средба на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во Давос, најавена е координација на македонскиот државен и политички врв во сабота во Клубот на пратениците во Скопје.

Слични содржини