Нимиц: Скопје и Атина имаат волја за решавање на спорот со името

од desk2

Последните месеци односите меѓу Скопје и Атина се подобруваат и постои добра волја од двете страни за решавање на спорот за името на Македонија.

Ова го изјави посредникот во спорот и спецпредставител на ОН Метју Нимиц во интервју за Независната балканска новинска агенција (Independent Balkan News Agency – IBNA).

Нимиц ова го изјави по неговиот состанок во Њујорк со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, во Њујорк.
“Се надевам дека ќе можеме да ги забрзаме преговорите подоцна оваа година. Двете земји рекоа дека се заинтересирани. Во последниве месеци, односите се подобрија и очекувам поголема активност “, рече Нимиц.

Во интервјуто тој спомна дека може да направи нови предлози во соодветно време. Нимиц додаде дека двете страни имаат свои црвени линии што не можат да ги поминат, но сепак мислат дека можат да ги доближат своите позиции. Според него, очигледно е дека Атина и Скопје се одлучиле во последните месеци да преземаат позитивни потези и да одржуваат позитивната атмосфера и соработката.
Нимиц ги опиша мерките на грчкиот министер за надворешни работи за мерките за градење доверба како важен чекор во оваа насока. Медијаторот додаде дека ЕУ и САД се заинтересирани за решавање на спорот меѓу двете соседни земји.

Слични содржини