Почетна / IN/OUT / Нина Симон, Бон ЏОви и Муди блуз влегоа во Куќата на славните на рокенролот

Нина Симон, Бон ЏОви и Муди блуз влегоа во Куќата на славните на рокенролот

 

Групите Бон Џови, Муди блуз, Дајр стрејтс, Карс, како и пејачките Нина Симон и Розета Тарп, примени се во Куќата на славните на рокенролот.

Ричи Самбора, гитарист на Бон Џови, повторно се придружи на бендот и на свеченоста во кливленд ги свиреше хитовите “You Give Love a Bad Name” и “It”s My Life”.

Муди блуз ја свиреле “Your Wildest Dreams”, додека поп изведувачите на новит бран Карс ја свиреле “Just What I Needed”.

Легендата на соул музиката Нина Симон и ѕвездата на госпел музиката Розета Тарп, биле инспирација на многу рокери, па влегоа постхумно во Куќата на славните.

И британските рокери Дајр стрејст влегоа во Куќата во генерацијата 2018.

Изведувачи кои оставиле голем печат на развојот на рокенролот имаат право да влезат во тој круг 25 години по објавувањето на првата снимка, а за тоа одлучуваат 900 членови.

Кучата на славните е во Кливленд, и е најпознат музеј на рокенролот посветен на највлијателните музичари, продуценти и уметници.