Изјавите на Вашингтон се само зборови, всушност музиката ја порачува Кремљ

путин обама

Рускиот претседател Владимир Путин веќе ја собира  победата во Сирија, што стана возможно благодарение на “Беспомошноста” на администрацијата на Барак Обама.  Сирија стана  “раскрварено гробиште за американските убедувања”, пишува влијателниот “Њујорк тајмс”.Весникот пишува дека планомерната политика на Путин обезбеди успех на активностите на РФ во Сирија, а исто така “безцелноста” на администрацијата на САД. Авторот на публикацијата Роџер Коен вели дека Вашингтон само покажува видлива активност во Сирија.

Коен е уверен дека американските изјави се “само зборови”, а всушност “музиката во Сирија ја порачува Путин”. Освен тоа Коен смета дека иако сириската армија успешно освојува  територии од ИД,  а тоа не е одлучувачки фактор за  ИД. Речиси целосно заобиколување на Алепо може да стане сириско Сараево, пишува весникот. Целата вина е во “Беспомошноста” на американските власти. Изјавите на американската влада дека Сирија не е главен фактор во интересите на САД, а нова војна треба на сите начини да се избегнува,  и водат кон трансформирање на политиката на Вашингтон за премолчена согласност со Москва, уверува авторот на публикацијата.

Според Коен, Сирија се претворила во “срам” за администрацијата на Обама, и ги поништи сите успеси во внатрешната политика. Притоа “сириската агонија” на претседателот доведе до терористичките акти во Париз, кон распаѓање на јадрото на Унијата, чии страни  ги  враќаат внатрешните граници поради бегалците. “Обама  ја поткопа довербата кон зборот на Америка, и предизвика подолг гнев на сунитските земји-сојузници од Заливот , ги зацврсти позициите на Асад … и му го отвори на Путин патот кон одредување на судбината на Сирија “- вели Коен, говорејќи за срамот на Обама.Според новинарот, САД сега можат само да направат едно: да го зголемат бројот на примените бегалци од Сирија, помагајќи и на Европа да се справи со приливот на мигранти. “Ако дозволиме стравот да ја диктира политиката,и терористите ќе победат. А Путин веќе победи “- резимира Коен.

Слични содржини