Саудиска Арабија ги разочарува со години американските политичари. Навидум критичен сојузник, заштитуван против непријатели од американско оружје и помош, кралството троши нераскажани милиони за фалење на вахибизмот, радикална форма на сунитскиот ислам, која ги инспирира киднаперите од 11 септември и сега дава плам на Исламска држава (ИД). Последното поглавје од оваа долга, тага историја го вклучува и Косово.

saudiska
Со население од едвај 1,8 милиони луѓе, Косово испратило повеќе од било која друга земја млади луѓе по жител да се борат и да умираат во Ирак и Сирија. Од 2012 година 314 Косовци се приклучиле на ИД, вклучувајќи двајца бомбаши-самоубијци, 44 жени и 28 деца. Дури Белгија, широко разгледувана како инкубатор на екстремизмот по нападите во Париз и Брисел, заостанува од Косово во рангирањето на регрутирање на радикалисти. Како што детално е опишано од Карлос Гал во еден неодамнешен напис во весникот “Тајмс”, Косово е на оваа позиција во голема мера, бидејќи Саудиска Арабија и други земји од Заливот имаат поминато години во развој и финансирање на мрежа од имами, џамии и тајни здруженија таму.
И додека нема докази дека секоја група дава пари директно и експлицитно, за да ги убедуваат Косоварите да отидат во Сирија, високи функционери во Косово рекоа пред Гал дека екстремистички проповедници и групи работат сериозно, за да го промовираат размислувањето на радикалниот ислам меѓу млади и нестабилни луѓе.

Воени тензии, совршено чистата природа наспроти поделеноста на Корејскиот Полуостров

“Поентата е дека тие поддржуваат мислители кои промовираат насилството и света војна во име на заштитата на исламот”, рекол Гал Фатос Маколи, шеф на полицијата за борба против тероризмот во Косово. САД и НАТО инвестираа сериозно во помагање на Косово да добие независност од Србија во 2008 година и да се воспостави демократија. Тоа дека Саудиска Арабија го користи Косово како плодна почва за екстремисти или дозволува да биде искористено како инкубатор за размножување од секоја саудиска заедница или граѓанин, е суров потсетник за контроверзното и дури дволично однесување на партнерите на Америка во Персискиот залив и помага да се објасни зошто нетиснување по месеци на НАТО бомбардирање во 1999 година, беше познато по толерантното општествоо. Со векови муслиманското мнозинство на населението ја исповедало либералната ханифитска верзија на исламот, која е прифатена од другите. По војната оваа традиција беше загрозена од обучени од Саудијци имами, чии трошоци биле плаќани со спонзорирани од Саудијци фондации кои проповедаат владеењето на правото на шеријатот и проповедаат полна со насилство света војна и такфиризам кој дозволува убивање на муслимани, оценети како еретици. Повеќето Косовци се противат на таквото прибирање на истомисленици и државните службеници во Косово велат дека поддршката за САД и Западот останува силна.

kosovo

Но експертите укажуваат на низа причини зошто земјата е плодна почва за регрутирање врз основа на радикална идеологија: голем број од младите меѓу населението живеат во сиромаштија во покраината и имаат малку надежи да најдат работа; корупцијата и недостатокот на верба во владата; и, според извештајот од 2015 година на Косовскиот центар за проучување на безбедноста, има еден образовен систем кој не охрабрува критичко размислување. Останува нејасно зошто Владата на Косово, како и претставниците на САД и ОН, кои управуваат со повоено Косово, не дејствуваат навреме.
Американците може да погрешиле со прифаќањето дека умерената верска заедница на Косово ќе го спречи расцутот на екстремизмот. Атентатите од 11 септември брзо ги изнесоа опасностите. Неколку саудиски организации во Косово беа затворени и саудиската влада со што изгледа се намали помошта за Косово, сега тврди дека внела строга контрола врз добротворни фондации, џамиите и техниките на проповедање. Дури и така да е, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати го зголемија финансирањето на исламистички екстремисти во Косово. Сунитските арапски држави изгледа уште не разбираат до кој степен и тие самите се загрозени од екстремистичките верзии на исламот.
Иако саудиското кралско семејство се потпира на духовници вахабисти за својата политичка легитимност, ИД ја обвинува монархијата за нагризување на верата во името на заштитата на својата власт. Од 2014 година во кралството има извршени околу 20 терористички напади, повеќето дела на ИД. Владата на Косово, работи со САД, дејствува во битката против екстремизмот со приемот на нови антитерористички закони, борба против перењето пари, со што се занимаваат радикалните групи и зајакнување на полициските истраги.
Бројот на косовските граѓани, насочени да се борат на страната на ИД во последните седум месеци падна речиси на нула, додека бројот на Косовци на бојното поле се намали на 140. Сепак најмалку двајца радикални имами продолжуваат да проповедаат во главниот град на Косово, Приштина, и да привлекуваат толпи млади мажи. Многу работа се уште има да се прави, за да бидат заштитени независноста и духот на толеранцијата, за чие постигнување Косово работело толку упорно. / БГНЕС …
……………..
Уреднички коментар на весникот “Њујорк тајмс”

Слични содржини