Најголемиот активен вулкан во Европа – Етна започна ноќеска да еруптира, пренесе “Руптли”. Вулканот се наоѓа на островот Сицилија .

Тој исфрла лава на неколку стотина метри височина. Претставата е видлива дури  од источното крајбрежје на Сицилија, вклучувајќи од градовите Катанија, кој се наоѓа во подножјето на планината Етна, и Таормина, кој исто така се наоѓа во близина.

Последното ерупција на Етна е од 21 мај 2016 година Експертите смируваат дека нема опасност за околните населби.