Ноќешната седница за УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ продолжува и денеска

од Vladimir Zorba

Собраниската расправа за законот за употребата на јазиците ноќеска  по полноќ беше  прекината  на барање  за пауза, од ВМРО ДПМНЕ,  а продожението е закажано за денеска.

На последната пауза по 02.00 часот  и  претходно претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза бидејќи, како што посочи, Коалицијата „За подобра Македонија“ имале конвенција за претставување на кандидатите за градоначалници.

 За денеска претпладне  во 11 часот е закажано ново продлжение на истата седница.

Во текот на попладневната  и ноќешната  расправа пратениците се вртеа во круг и  дебатираа околу тоа дали законот е уставен или противуставен и дали со него ќе се унапреди соживотот или ќе се воведе двојазичност во државата.

Во досегашната расправа помина обраќањето на десетина пратеници од вкупно пријавените седумдесетина. Пратениците од опозицијата обвинуваат дека законот е противуставен и бараат негово повлекување, додека според парламентарното мнозинство законот е во согласност со Уставот и со него не се нарушува унитарниот карактер на државата.

Според најавите на претседателот на Собранието Талат Џафери поради почетокот на изборната кампања за локалните избори во понеделник на 25 септември се очекува викендов Собранието да ја прекине работата.

Слични содржини