Ноќеска тлото под Скопје мируваше!

од desk3

За изминатата ноќ, земјата под Скопје мируваше. Немаше никакви потреси. Последниот беше во 19 часот и 53 минути и беше со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот е регистриран на четири километри северозападно од Скопје, на длабочина од пет километри.

zemjotres

Појак земјотрес го затресе Скопје попладнево и во 14.19 часот. Овојпат земјотресот беше со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри и се случил на 2 километри североисточно од скопското село Булачани.

Послаб земјотрес скопјани почувствуваа и во 11.50 часот, со јачина од 2,3 степени. До 10 часот утрово сеизмолошката опсерваторија регистрирала десетина послаби земјотреси.

Слични содржини