На 2 јули се навршуваат 450 години од смртта на Нострадамус. Во неговата родна куќа, која денес е претворена во музеј, може да се трага во три фази животот и делото на големиот научник, пренесе специјалниот претставник на БГНЕС од Салон де Прованс. За Нострадамус е напишано многу, но се малку фактите кои се знаат за неговиот приватен живот. Заознавајќи ја биографијата на францускиот научник, може да се добие многу поголема претстава за неговата важност најмногу во развојот на медицината и на науката, а тоа би давало и поголемо значење на неговите предвидувања (Les Propheties).

nostradamus1
Всушност она што тој го оставил на човештвото како лекар и научник со пати се ревалоризира повеќе од самите предвидувања. Животот на Мишел де Нострадам, како што е името на познатиот предскажувач, може да се подели во три фази: младост, зрелост и пророштва. Нострадамус е роден на 14 декември 1503 година во Сен-Реми во францускиот Прованс во еврејско семејство. Тој е едно од деветте деца на Рејниер де Сен-Реми и трговецот на жито и нотар Жом де Нострадам. Првично образованието најмалиот Мишел го добива од својот прадедо Жан де Сен-Реми, кој од 1506 година го учи на циклусот на животот и смртта, различни циклуси во природата и годишните времиња, циклусите на војните и морепловството на еврејскиот народ.
Дедо му го посветува и во науката хебраистика, изучување староеврејскиот јазик, писменост и култура, како и Кабала. Интересен факт е дека дедото Жан де Сен Реми бил лекар на кралот Рене I Анжујски добро, кој е меѓу најпаметните француски аристократи. Тој бил не само крал на Неапол, туку војвода од Лорен, но и крал на Ерусалим, што е прељубопитно, бидејќи како таков го вбројуваат во тајни организации поврзани со темпларите. Покрај тоа токму крал Рене I Добриот е благодетелот на Јованка Орлеанка.

nostradamus2
Таткото на Нострадамус Жом де Нострадам бил нотар, дедо му Пјер де Нотр Дам и прадедо му Давин де Каркасон пак се занимавале со трговија во Авињон, јужна Франција. Дедото на Мишел е и запознаен со алхемијата и му пренесува знаење и на својот правнук. Иако тој умира набрзо откако започнува обуката , тој успева да го инспирира да продолжи да се самообучава и конечно да стане легендата која е. Обуката вклучуваше историја, класична литература, астрологија, конвенционална и народна медицина. Потоа Мишел учел реторика, граматика и филозофија во Авињонскиот универзитет. Во 1521 година станува мајстор на уметноста и следните осум години од својот живот ги посветува на продолжено самостојно учење , патувал многу и во тоа време почнува да се интересира за медицина. Во овој период Нострадамус се запознава и со една личност која го превртува целиот негов живот – познатиот научник и астролог Жил Цезар Скалигер кој го снесува во тајната на ѕвездите.

Десет заповеди на манипулацијата

Нострадамус продолжува да студира медицина на Универзитетот во Монпелје. Така во 1534 година добива и докторат. Втората фаза од животот на Мишел де Нострадам е обележан со чумната епидемија. Оваа болест коси низ целиот XVI в. Од неа умираат сопругата и неговите деца. Има легенда според која Нострадамус открил лек против чума, вклучувајќи чист воздух, чиста вода и витамин Ц.

nostradamus3
Тоа сепак се покажало премногу доцна за да се спаси неговото семејство. Во овој период од животот, Нострадамус заминува и неколку години ги обиколува Италија и Германијаи се придава целосно на лекарската професија, а особено на потрага по лек против чума. Набљудувањата кои го прави меѓу заразно-болните, му дозволуваат да направи и неколку новини во медицината во тоа време како превенција од заразата преку заштитни маски, што се користи и до ден-денешен, колку и да е напредна медицината во XXI во.
Во 1348 година чумата почнува да се косии во Прованс, луѓето мислеле дека Апокалипсата е дојдена. Тоа го заредило со фатализам секој аспект на животот и културата на тогашниот свет и се одразило и на езотеричните дела од раната ренесанса. Нострадамус сепак рано сфаќа дека агонијата на светот е премногу бавна, за да биде само знак на Божјиот гнев. Универзитетот во Монпелје, каде што студирал Нострадамус, е познат по своите знаења за арапските лекари – филозофи и на античката култура и медицина. Така младиот Нострадамус црпи знаење и инспирација од Аристотел, Платон, Авицена и Хипократ. Не се малку и ерудитите кои го посетувале овој универзитет, за да ги испитаат делата на античките научници и филозофи, меѓу нив е и Франсоа Рабле. Во желбата да избега од војните, чумната епидемија и религиозни кризи (во тоа време дејствува Светата инквизиција која гп малтретира дури и Нострадамус), мислителот се сврти целосно кон учењето на античките филозофи. По овој пресврт настанува и револуција во откритијата како печатницата, машината за хартија, како и часовникот. Во тоа време започнува и човечката експанзија и откривање на нови земји.

nostradamus4
Во 1533 година знаењата се достапни за секого, но слободните мислители биле загрозени од догмите на религијата. Во периодот кога живеел во управувањето на фамилијата Скалигери во Верона, Нострадамус станува сведок на првите жртви на ренесансата – слободните мислители како Етјен Доле и Мишел Серво. Тие гинат во борбата меѓу католиците и лутераните. Во Франција, сепак во времето на Маргарита Наварска, сестра на Франсоа I, лутераните и слободните мислители наоѓаат прибежиште.

Ова го прави и Нострадамус. Ако во 1540 година на средниот век се создава езотеричната идеја која ја имале луѓето за светот, тогаш науката се фокусира на еден центар, од кој се мерат сите науки. Овој центар е математиката, која наоѓа најголема примена во архитектурата.

Нострадамус работи во Салон Де КРО каде го твори првиот дел на “Центуриа”. Тој се придава на научна работа со фокусирање на астрологијата, медицината и филозофијата. Универзален по дух, тој се занимава и со теологија, филозофија и езотеризмот. Така меѓу огромната библиотека тој црпи знаење, а претставата за светот ја гради од ѕвездите.

Нострадамус прави и уште едно големо откритие во овој период – најголемиот календар. Станува збор за моделот на вечниот календар, но со Астролошки објаснувања. Како астрофил, Нострадамус ги погодувал човечките судбини од ѕвездите. Траги се движењето на планетите и своевидната “игра” на седумте планети и седумте богови кои тие ги персонифицираат. Овие богови пак се врската со античката идеја за нив.
Овој календар личи на комплицирана Натална карта на Астролошки позиции и различни облици кои тие се формираат меѓусебно, влегува и циклусот на годишните времиња и човечкиот труд. За Нострадамус астрофилијата има претежно медицинска и правна смисла. Од ѕвездите тој добива претстава за причините за некоја болест или акција.
Книгите кои ги пишува пред излегувањето на “Центуриите”, донесуваат успех на Нострадамус, но по нивното печатење тој стекнува огромен успех. Тој ги поврзува сите знаења во едно општо знаење, кое опфаќа и наоѓа врски како со Кабалата и нумерологија, така и со астрологија и со медицината.
Нострадамус го прави и единственото од ваков вид толкување на соништата, според кој луѓето сонуваат битни работи не само за својата судбина, но и за судбината на целото човештво во периодот во кој живеат. Овие знаења и искуство, доведуваат до таму што тој има акумулирано капацитет, за да ја напише Les Centuries ( “Центуриите”). Во тоа време во 1564 година во Салон де Прованс при Медичи пристигнува кралица Катарина.
Меѓу неа и Нострадамус започнува напорна кореспонденција и таа го заштитува. Нострадамус останува во историјата претежно со предвидувањата, но вистинскиот придонес на овој научник е во областа на медицината, фармакологијата, астрологијата и астрономијата и езотеризмот. Тоа го прави еден од ретките во тоа време толкувачи на Галија (Публиј Лициниј Егнациј Галина – римски император, кој владеел заедно со својот татко Валеријан I – од 253 до 268 година), тој прави обиди дури за создавање на различни мармалади и џемови, а во областа на езотериката ги испитува хиероглифите од Уранополи. Тоа, сепак, што и до денес се преиздава се “Центуриите”, чие прво издание беше објавено во 1555 година. Случајот на овој научник живее вечно и е секогаш го промовира пресвртот во човечката историја и цивилизација. / БГНЕС

Слични содржини