Нотари и адвокати – кој кому подместува?

од Vladimir Zorba

Нотарите не ги сакаат адвокатит во нотарските постапки. Бараат да им се вратат одземените надлежности со Законот за нотаријат од 2016 година. Со законот се комплицира постапката и се зголемуваат трошоците на граѓаните. Ова денеска беше кажано на десетгодишнината, на која беше презентирана – Анализа за развојот и работата на нотаријатот и неговиот придонес за остварување на поефикасен правен систем и правна сигурност.

–      Во момент кога РМ се соочува со специфични законски решенија, меѓународната подршка е потребна за да се запознае пошироката јавност со улогата на нотаријатот во обезбедувањето на правната сигурност рече, претседателот на нотарската комора, Васил Кузманов

И гостинот од Интернационалната унија на нотари Ричард Бок на иста линија, јавно праша зошто на адвокатите со последните измени на Законот за нотаријат им се дава право да вршат нотарски постапки.

–      Доколку има процедура 12 наследници секој треба а има посебен адвокат, станува збор за постапка каде што ќе се јават 12 адвокати и сметаме дека малку е претерано. Непотребно се поскапува процедурата кога работите не се навистина спорни, рече Ричард Бок, од Интернационалната унија на нотари.

Според поранешниот министер за правда Михајло Маневски,  квалитетот на работата на нотарите во изминативе 10 години е висок. Од  900.000 нерешени предмети во 2016 година  сега во судовите има само 130.000, ова покажува дека нотарската работа е темел на правната сигурост рече Маневски.

 –      Многу пати во јавноста се експлоатира во јавноста како показател за ефикасноста на нотарите е колку тужби се поднесени за поништување на нотарските акти. Тоа се 4 тужби од кои две се одбиени. Квалитетот на работата на нотарите е најсилна потврда за стручно, совесно и квалитетно врѓење на нотарските работи, рече  Маневски

Со новиот закон од минатата година во присуство на адвокатите, граѓаните мораат да ги заверуваат купопродажните договори, за движен и недвижен имот  со вредност од над 10.000 евра./ЗВВ

Слични содржини