Нов гаф на екипата на државниот секретар на САД: Преспал во старечки дом

од desk2

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон стана жртва на комична случка покрај збрката на Г-20. По средбата со Сергеј Лавров стана јасно дека тој нема каде да спие. Екипата на Тиларсон испуштила да му резервира соба во Бон. Додека тоа се случило, сите хотели во градот веќе биле полни.
Така Тиларсон бил принуден да се смести во село, кое се наоѓа во околината. Неговиот штаб е во старечки дом, кој е познат по своите минерални води, објави телевизијата “Блумберг”. Државниот секретар сепак едвај ќе има време да се наслади на оваа екстра понуда, бидејќи е затрупан со состаноци. Денес тој ќе се види со Борис Џонсон.

Слични содржини