Нов очен тест открива Алцхајмерова болест 20 години пред симптомите

од Vladimir Zorba

Новиот очен тест може да открие Алцхајмерова болест две децении пред да се појават првите симптоми.
Тестирањата се спроведени на 16 пациенти во Лос Аџелес.


Споредувајќи ги нивните резултати со снимки од мозокот, тестот на очите може да биде еднакво успешен во воочување двојно поголема количина на плак кој се насобира во мозокот. Експертите велат дека откритието е едно од најголемите напредоци во истражувањето на Алцхајмер затоа што нуди тест кој е неинвазивен и исплатив.

„Истражувањето сугерира дека ретината може да служи како доверлив извор за дијагноза на Алцхајмерова болест. Еден од големите напредоци во анализата на ретината е повторливоста која овозможува следење на пациентот и потенцијалното напредување на болеста“, вели д-р Маја Коронојо-Хамауи од медицинскиот центар Цедарс-Синаи.

Пред десет години единствен начин официјално да се дијагностицира Алцхајмер беше анализирањето на мозокот постхумно. Последните години лекарите успеаја да искористат позитронска емисиска томографија на мозокот на живи луѓе и ги утврдуваа знаците на болест. Сепак, оваа технологија е скапа, а тестот инвазивен затоа што на пациентот му се вбризгува радиоактивна пункција.

Медицинскиот центар Цедарс –Синаи соработуваше со УКЛА за ова истражување. Пациентите кои учествувале испиле раствро кој вклучува куркумин, природна компонента со зачини. Тој делува так што плакот на ретината свети кога се снима.

Порано беше утврдено дека плакот од ретината е поврзан со плакот од мозокот, што е показател на Алцхајмерова болест.

„Се надеваме дека овој очен тест ќе биде користен како уред за рано откривање на болеста за да се интервенира со лекови и да се промени животот на пациентот“, вели д-р Кети Блек од овој центар.

Ова откритие со радост го дочекаа научниците и лекарите ширум светот.

Слични содржини