Нов руски супербомбардер: Тоа е нов авион со старо име

од desk2

Супербомбардерот со долг дострел Tu-160M2 е нова подобрена верзија на авион на руската воздухопловна флота.

„Иако изгледа како подобрена верзија на Tu-160 од советската ера, тоа е сосема нов авион само името му е исто“, објавија руските медиуми.

Новиот руски супербомбардер трена прв пат да полета следната година, а во масовно производство може да почне во 2021 година. Не е познато кои му се сите способности. Но, сепак, нешто се знае.

Пред две години, руските медиуми објавија дека ќе има 60 отсто компоненти како и претходната верзија. Моторот не е една од нив, затоа што за него стигнува потполно нова верзија. Како и нова авионика, нови сензори, и комуникациска опрема. Нов вид радар ќе има можност да детектира мети на големи далечини и со поголема прецизност.

Како и старата верзија, ќе може да пренесува нуклеарно оружје. Се претпоставува дека руската флота ќе има околу 50 вакви.

https://www.youtube.com/watch?v=JdkW_RWQ8Fs

Слични содржини