Нов тизер за „Solo: A Star Wars Story“

од desk2

Пријателството помеѓу Хан Соло и Чубака е едно од најсимпатичните кои некогаш ги имаме видено на филмското платно, а новиот тизер за „Solo: A Star Wars Story“ ќе ви покаже дел од почетоците на ова неразделно дуо.

Веќе видовме трејлер за наредниот филм од франшизата „Star Wars“, но по обичај, тизери и трејлери ќе излегуваат сѐ до премиерата на филмот. Овој тизер, иако краток, ни дава поголем и подетален приказ на Хан Соло како лик.

„Solo: A Star Wars Story“ ќе се појави во киносалите низ светот на 25 мај.

Слични содржини