Преполnниот крај на изгрејсонцето ќе се здобие со малку повеќе простор, бидејќи неоплазмите на вулканскиот остров продолжуваат да растат.nishinoshima131226a

Нови кадри од оддалечениот остров Нишиношима, на растојание од околу 1.000 километри јужно од Токио, покажуваат вулкан кој еруптира до 6 пати во минута, исфрлајќи огромни количини магма, а научниците тврдат дека допрва ќе излегува уште.

Малото островче се појавило во ноември 2013 година во близина на оригиналниот остров Нишиношима кога стопена карпа се изладила и почнала да се наѕира над водата. Парчето земја почнало да расте, додека конечно не се споил со неговиот постар сосед. Новиот суперостров во моментов е со површина 2,46 квадратни км, пренесе Јапонската крајбрежна стража, горе-долу со големина на 345 фудбалски игралишта, а вулканот веќе е висок цели 100 метри.

Кенџи Ногами од Токискиот технолошки институт, кој помогна за одржувањето на последните месечни набљудувања на крајбрежната стража изјави дека вулканската активност ќе продолжи.

“Нема значителни промени во вулканскиот вентил, од кој еруптира лава по неколку пати во минута. Магмата се крева во плитките учесници, а потоците лава на исток се шират. Затоа сметам дека стабилниот прилив на магма ќе продолжи”, рече тој.

Крајбрежната стража ги замоли морнарите да не  се доближуваат островот. Јапонија се наоѓа во пацифичкиот огнен прстен, каде земјотресите и вулканските ерупции се релативно честа појава.

Слични содржини