Нов земјотрес со јачина од 2,9 по Рихтер

од Vladimir Zorba

zemjotres_10

Ноќта мина без потреси, но утринава во 08.10 часот беше измерен земјотрес од 2,9 степени според Рихтер. Синоќа неколку минути до 20 часот во скопскиот регион беа регистрирани два последователни земјотреса.

Првиот бил со магнитуда од 2.4, а вториот од 4 степени според Рихтеровата скала. Почувствувани се во Скопје и околината. Епицентарот и на овие земјотреси бил во источниот дел на скопското подрачје.

Земјотресите се дел од серијата потреси што ги погодија Скопје и околината во изминатите два дена. Причинети се материјални штети, а лекарска помош побарале над стотина граѓани./извор Телма

Слични содржини