Сенаторот демократ Берни Сандерс изјави дека тој и другите прогресивни политичари во САД се подготвени да работат со новоизбраниот претседател на земјата Доналд Трамп, пренесе Marketwatch.Поранешниот кандидат за претседател на земјата од Демократската партија вели дека може да открие заеднички позиции, ако Трамп “е сериозен, што се однесува до политиките кои имаат за цел подобрување на работничките семејства во земјата”.

Сепак “ако тој тргне расистички, сексистички, ксенофобични политики и такви кои се насочени против животната средина, тогаш ние ќе му  се спротивставиме енергично”, изјави Сандерс.

Според Сандерс Трамп заработил на  гневот на средната класа во САД и гласачите биле разочарани од статус кво и од економската нееднаквост.

“на луѓето им е преку глава од долгите работни часови и од ниските плати. Од тоа дека добро платени работни места одат во Кина и на други места со пониски плати од милијардери кои не плаќаат данок на доход и од тоа што не можат да си дозволат за децата високо образование, додека богатите стануваат уште по богати “, објаснува тој пред Marketwatch