Нова лавина кај Бигорски, патот Маврово-Дебар повторно блокиран

од desk2

Утринава, околу 5 часот, се урна нова лавина на патот Дебар-Маврово во близина на манастирот „Свети Јован Бигорски“. Сообраќајот е во прекин во двата правца, велат од  ЈП „Македонијапат“ во Дебар.

Во текот на ноќта бил расчистен дел од лавината што вчера го блокира патот, но новата лавина, која е многу поголема од вчерашната, целосно го блокирала овој патен правец.

Екипите на „Македонија пат“ започнаа да ја расчистуваат лавината од двете страни, со зајакната механизација. Градоначалникот на општина Маврово-Ростуше, Медат Куртовски, изјави дека се информирани сите институции за состојбата на теренот со блокираниот пат. Транспортните претпријатија што вршат превоз на патници од Дебар и општина Маврово-Ростуше денеска вршат транспорт по заобиколен пат.

Слични содржини