Француски истражувачи го утврдиле идентитетот на двајца од терористите кои извршија серија напади во Париз. Радиостанции Europe1 пријави дека едниот од нив е Французин, а другиот – Сириец. Пасошот на граѓанинот на Сирија е пронајден до телото на еден од камиказите кои се саморазнесоа крај “Стад де Франс”. Кола се заби и проби полициски кордон во Франција и патувал кон Париз. Подоцна колата била забележана во предградие на Париз.

20151114.fijhlsakun
По непотврдени информации во салата “Батаклан” е пронајден сириски пасош и се претпоставува дека тој може да е на некој од терористите.

Исто така француските тајни служби работат на автомобил со белгиска регистрација, кој бил паркиран во близина на едно од местата на кои синоќа беа извршени 6 координирани терористички акти. Се очекува потврда на вестите.

Потсетуваме дека синоќа во Париз беа извршени 6 координирани терористички чин, при кои беа убиени над 120 лица, над 200 се повредени, а 80 од нив се во тешка состојба.

Слични содржини