Нова рунда во кошаркарската Евролига

од Vladimir Zorba

 

Во кошаркарската Евролига во текот на оваа седмица ќе се играат натпревари во две кола. Првиот меч од третото коло ќе се одигра попладнево во Казан каде Уникс ја пречекува турската екипа Дарушафака. kosh

На останатите натпревари вечерва ќе играат:

Анадолу Ефес – ЦСКА Москва,
Олимпијакос – Милано и
Реал Мадрид – Басконија.

Двојките за утре се:

Црвена ѕвезда – Барселона,
Фенербахче – Жалгирис,
Бамберг – Панатинаикос и
Макаби Тел Авив – Галатасарај.

Со по две победи по првите две рунди се ЦСКА Москва, Реал Мадрид, Милано и Фенербахче.

Натпреварите од 4.коло ќе се играат веќе во четврток и петок (27 и 28 октомври)./MIA

Слични содржини