Нова: Случај „Талир“ – Груевски бил „мозокот“, а Рангелова оперативецот

од Vladimir Zorba

  Дел од осомничените во случајот „Талир“ ги дадоа првите изјави во Специјалното јавно обвинителство. Првоосомничениот, поранешниот премиер Никола Груевски, се уште не се соочи со доказите на СЈО и досега не се појави на распит, пишува Нова.

Кој е дел од мрежата во „Талир“?

Никола Груевски во овој случај на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и перење на пари е осомничен како организатор на криминалната група составена од луѓе од врвот на партијата, кои во периодот од 2009 до 2015 година искеширале незаконски средства за финансирање на партијата во вредност од 4,9 милиони евра.

Потоа за да се „исперат“ овие пари, според СЈО, биле користени различни начини, а еден од нив биле наводни уплати на жиро-сметките на партијата од различни физички лица под превозот „донации“ и „членарини“.

 Главна улога во лажните уплати, според информациите на НОВА ТВ, имала Даниела Рангелова, која во тој период беше советник во општина Центар. Според доказите на СЈО, Рангелова на членовите на партијата им давала бланко уплатници на кои тие ги внесувале имињата и ставале потпис. А, потоа на уплатниците биле пишувани суми на пари кои наводно членството на име донации ги уплатувало на сметката на партијата.

Во изготвувањето на лажните уплатници бил вклучен и Игор Есмеров, тогашен претседател на општинскиот комитет на ВМРО во Центар.

Дел од овие уплати биле пишувани со ист ракопис, а уплатувани во банките во рок од 20-30 секунди. Во еден ден, на пример, на овој начин биле уплатувани од 12 илјади до 30 илјади евра. Од банките до СЈО доставени се вкупно 11 886 уплатници.

Емил Димитриев, Елизабета Чингаровска и Леко Ристовски се осомничени како потписници на финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ кои со лажни податоци биле доставувани до државните институции.

Илија Димовски и Иво Котевски како директори на Центарот за комуникации на партијата и Александар Бичиклиски, дел од парите ги користеле за намирување на редовните обврски и плаќање на сметки, маркетинг услуги и услуги за истражување на јавно мислење, хотелски, ресторантски и кетеринг услуги.

Стријата во целост на Нова прочитајте ја тука

Слични содржини