Нова студија покажа дека жените во социјализмот имале подобар секс и двојно повеќе оргазми

од desk2

КОга Американците размислуваат за комунизмот и Источна Европа, замислуваат ограничени патувања, досадни предели и ограничена слобода. Иако повеќето од тоа е точно, колективниот стереотип за комунистичкиот живот не ја раскажува целата приказна.

Илустрација

Поединци памтат дека источните блокови во тоа време имале многу права и привилегии, повеќе од одредени тогаш либерални демократии, па така имало големи вложувања во образование и обука, вклученост на работната сила, големи накнади за породилно отсуство и друго.

Меѓутоа, постои една предност која не доби доволно внимание, а тоа е дека жените во тоа време уживале во сексот, пишува New York Times.

Споредбено социолошко истражување на источниот и западниот дел на Германија, спроведено по повторното обединување во 1990 година, откри дека жените во Источна Германија имале двојно повеќе оргазми отколку жените во западна Европа.
Истражувачите се одушевиле од овој диспаритет во пријавеното сексуално задоволство, посебно затоа што жените од Источна германија пателе од озлогласен двоен товар – формално вработување и куќна работа.

Наспроти тоа, послевоените жени на западна Германија останале дома и уживале во своите уреди кои штедат работа, а кои произлегоа од капиталистичката економија.
Но, имале помалку секс отколку жените кои немале толку лагоден живот.

Слични содржини