Во Осло во Норвешка неодамна првпат беше тестирано собирање на јаглерод диоксидот кој се ослободува при горење на отпадот. Со успешниот експеримент во главната градска електрана за согорување на материјали прикажан е метод на апсорпција на јаглерод диоксидот. Dangerous toxic CO2 clouds

Во електраната, која отпадот го претвора во енергија, се уништува индустриски и отпад од домаќинствата, кој не може да се рециклира. Енергијата која се добива од тој процес се користи во зградите во Осло.

– Сакаме да ја обновиме енергијата, бидејќи таа и натаму е достапна. Кога ќе стигне тука ние се грижиме за тоа, го гориме отпадот и потоа таа енергија ја користиме за затоплување на цели квартови и за производство на струја, објаснува техничкиот директор на електраната Џони Стуен.

Меѓутоа, оваа електрана во исто време е најголем извор на емисија на штетни гасови во Норвешка и придонесува со околу шест отсто во вкупното годишно загадување. Тие гасови го влошуваат глобалното затоплување.

– Во текот на неодамнешната проба, пет контејнери исфрлуваа издувни гасови преку цевки и филтери, задржувајќи околу 90 отсто од тие гасови, кои никогаш не стигнаа во воздухот, објаснува Оскар Граф од норвешката компанија за нафтени услуги „Акер Солушн‟, која го контролираше овој експеримент.

– Да се задржат тие гасови е релативно лесно, додаде тој.

На светот постојат 700 вакви електрани, но технологијата за апсорпција и складирање на јаглеродот се уште е многу скапа.

Норвешка сега разгледува изградба на поголем објект за апсорпција на јаглерод до 2020 година. Штетните гасови потоа би биле транспортирани во Северно Море и впумпувани во наоѓалиштата на нафта или гас, што би го зголемило производството.

Гласот на Америка – Вашингтон

Слични содржини