Новак Ѓоковиќ може да го пропушти УС Опен

од Vladimir Zorba

Светскиот рекет број 4 во машкиот тенис, Новак Ѓоковиќ може да го пропушти последниот за годината турнир од Гренд слем – САД опен.

Ова го кажа  а докторот на Српската тениска федерација Зденко Милинковиќ. Причината за тоа е повредата на Новак во лактот на десната рака, која го принуди да се откаже за време на четвртфиналето на Вимблдон. Откакотој го  прегледал Ѓоковиќ, Милинковиќ изјавил за локалните медиуми дека најверојатно првиот  рекет на Србија ќе биде надвор од теренот во наредните 6 до 12 недели. Така  во пракса тоа  значи дека поранешниот број 1 може да го пропушти УС Опен, кое започнува на 28 август.

Слични содржини