Новак Ѓоковиќ: Сакам да ја завршам годината на најдобар можен начин

од Vladimir Zorba

Ден пред почетокот на завршниот турнир на ATP во Лондон, Новак Ѓоковиќ изрази оптимизам дека ќе ја заврши сезоната на најдобар можен начин.

novakИако пред една недела беше соборен од врвот на светската листа од Енди Мареј, Србинот продолжува да се сеќава 2016 како најуспешна во неговата кариера. “Високите стандарди кои  ги поставив во однос на резултатите, покажаа своето влијание. Не успеав да заздравам доволно брзо по Ролан Гарос и затоа не можев да покажам најдобар тенис “, изјави Ѓоковиќ.

“Имав потреба од дополнително време да се вратам повторно во вистинскиот пат, но генерално сметам дека тоа беше многу добра година за мене. Имав неколку многу добри месеци.

Да, не успеав да го  повторам настапот пред 12-15 месеци, но во спортот нема како секогаш да очекуваш дека ќе победуваш. Дојдов во Лондон со јасна цел да ја завршам годината на најдобар можен начин.

Дефинитивно последните четири турнирот во “О2 Арена” беа неверојатни за мене “, додаде уште Србинот, кој ќе се обиде да освои петта последователна титула од финалето во Лондон, со што ќе ја врати и првото место во светот.

Утре Ѓоковиќ започнува одбраната на трофејот со натпревар против Австриецот Доминик Тим.

Слични содржини