На 5 ноември Европската комисија (ЕК) ќе ги објави извештаите за напредок на земјите од Западниот Балкан и Турција. Македонија овој пат, со оглед на компликуваната политичка ситуација, ќе добие условена препорака за старт на преговори за членство во ЕУ, дознава НОВА.

25199golema

Ова е преседан и за прв пат се случува, не само во македонскиот случај, туку и во севкупната историја на проширувањето на ЕУ.

Условот ќе биде спроведувањето на договорот од Пржино а можно е ЕК да направи и нов извештај посветен токму на овој договор во првата половина на 2016 година.

Според Нова  , на масата било и замрзнувањето на препораката. Овие сценарија сепак биле отфрлени бидејќи според проценките на европските дипломати одземањето или замрзнувањето на препораката би имало негативен ефект за земјата и нејзината економија но не ни било добро за ниту една партија во Македонија. Утре би требало да биде потврден датумот за објавување на условената препорака.

Слични содржини