Новата машина на НАСА е како да излeгла од “Армагедон”

од desk3

На 5 јуни НАСА го покажа планетарното возило. Во него можат да седат четворица, има шест тркала, во задниот дел има мини лабораторија и возило е целосно функционално.

Финтата е тоа што никогаш нема да ја напушти Земјата. Основната мисија на Mars Rover Concept ќе биде да ги обучува луѓето за црвената планета, но најмногу да ја инспирира идната генерација што треба да ја продолжи одисејата за изучување на Марс.

“Марсоходот” е произведен од браќата Паркер. Шеjн и Марк Паркер направиле досега неколку супер атрактивни возила со својата компанија Parker Brother Concepts, вклучувајќи футуристички велосипеди . Двајцата воделе консултации со космонаути за дизајнот на возилото , по што го направиле за само пет месеци.

Слични содржини