Новата „Мис Советски Сојуз“ е мајсторка во шах

од Vladimir Zorba

Новата “Мис Советски Сојуз” е Анастасија Бојл. Таа беше избрана за време на натпревар во лондонската сала “Трокси”.

Натпреварот се одржува од 6 години, а целта  е да ја пронајде најубавата жена од Источна Европа, која живее во Лондон, пренесува “Руски медиум”.

Победничката Анастасија Бојл има 23 години и претходно живеела во Москва. Бојл учи менаџмент во лондонски универзитет, покрај тоа таа е шах мајстор.

Круната ѝ ја врачи минатогодишната победничка на натпреварот Агне Скопајте.

Фотографии од овогодинешното издание на “Мис Советски Сојуз” може да видите во нашата галерија .

 

Слични содржини