Новата програма за помош на Грција може да биде во износ меѓу 82 и 86 милијарди евра, соопштува AFP, повикувајќи се на предлог од средбата на Еврозоната. Тоа не е едногласно одобрено од Еврогрупата и има потреба од одобрување на лидерите на Еврозоната.20150712.yaypnjuqgc

“Еврогрупата ја забележува потребата од програма за финансирање во износ меѓу 82 и 85 милијарди евра, како што е потврдено од страна на институциите”, се наведува во документот.

Документот беше усвоен од 19-те лидери на Еврозоната, кои се собраа на вонредна седница вечерва со надеж за постигнување договор кој ќе `и овозможи на Грција да го задржи еврото како валута. Министрите за финансии на Еврозоната сепак не ја исклучуваат и можноста за привремен излез на Грција од монетарната унија, во случај да не биде постигнат договор со Атина. “Во случај договор да не може да биде постигнат, на Грција треба да `и бидат понудени брзи преговори за привремено излегување од еврозоната, со можност за преструктуирање на долгот” , се наведува во документот.

Слични содржини