Новата рунда преговори за името стартува на 17 јануари со диретно учество и на Димитров и Коѕијас

од Vladimir Zorba

 Инцијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликите околу името, очекуваат владите во Скопје и во Атина од медијаторот Метју Нимиц на претстојната рунда разговори за на 17 јануари во Њујорк.

Шефовите на дипломатиите на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас, на вчерашната целодневна средба во Солун, изразија оптимизам дека решение е можно. Разговараа за методологијата, за пристапот на двете страни, како и за рамката на процесот за надминување на разликите околу името, а се  согласија да имаат подиректна улога во разговорите со цел надминување на разликата околу името.

Средбата беше одржана во рамките на повторното дијалог и консултации меѓу двете држави, чија цел е зајакнување на транспарентноста и заемната доверба. На средбата министрите одржаа добар разговор, насочен кон промовирање на билатералните односи и соработката во поширок контекст, поврзан со континуирани мерки за градење на доверба “, соопштија од македонското МНР.
Коѕијас и Димитров изразиле заедничко  очекување дека на претстојниот самит на 17 јануари посредникот Метју Нимиц ќе стави на масата рамка за разговори, која суштински ќе се развие во надминувањето на разликите за името.
“Двајцата министри разговараа методологијата за пристапот на двете земји, како и за рамката на процесот за надминување на разликата за името, и се согласија да имаат директна улога во преговорите за надминување на разликите за името”, се вели во соопштението, во кое исто псе наведува  дека разговарале и за други прашања пред следните политички самити меѓу двете земји.
Средбата, според грчките медиуми, била одржана во “Македонија палас” во центарот на Солун во  целосна тајност и под силни безбедносни мерки.

Во меѓувреме, и покрај оптимистичките очекувања на шефот на дипломатијата Коѕијас и на премиерот Алексис Ципрас дека ќе се обезбеди владино единство за евентуалниот договор за името, помалиот коалициски партнер Независни Грци продолжува со јавно изнесување на ставот дека за нив терминот Македонија е неприфатлив во името на северниот сосед. Пратеникот на Независни Грци, Костас Кацикис, пак, говорејќи за солунското радио Фокус, откри дека тој и неговите колеги од партијата, ќе бидат дел од протестите во Солун, за името, на 21 јануари.

Македонско-грчкиот спор пред решение

Со т.н. црвени линии, вчера повторно се огласи и лидерот на најголемата опозициска партија Нова демократија Киријакос Мицотакис. Повтори дека името, неговата употребата и иредентизмот, се трите точки од националната „црвена линија“, поставена уште  во 2008 година во Букурешт.

Слични содржини