Новата Влада ќе го преиспита договорот за изградба на нов клинички центар

од Vladimir Zorba
 

Владата со технички овластувања нема овластување да потпишува вакви договори на неколку дена пред заминување, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, откако денеска министерот за здравство во заминување Никола Тодоров, потпиша договор за изградба со три компании.

– Ќе бидат преиспитани и процедурите преку кои во последен момент пред трансферот на власта Тодоров и соработниците влегоа во договор за изградба на нов клинички центар кој треба да се изгради во иднина. Немаше да чекаат да станат опозиција за да потпишуваат договор за нов клинички центар, кој го ветија во 2012 година. Новата реформска влада ќе го врати концептот на единствен универзитетски клинички центар – рече Шилегов.

Неискрените и неодговорни политичари во заминување ќе подлежaт на одговорност.

Во поглед на преговорите кои денеска започнаа межу СДСМ и ДУИ на тета тет лидерска средба ан Заев и Ахмети , Шилегов потенцира дека договорите за поделба на ресорите ќе биде во интерес на граѓаните , а не на партиите.

Слични содржини