Новата Влада на Зоран Заев е готова!

од Vladimir Zorba

До крајот на оваа недела ќе бидат  финиширани договорите  и постапката и мандатарот за новата влада на Зоран Заев, на почеток на наредната,  ќе го достави предлогот со новата ВЛАДА до претседателот на Собранието Талад Џафери.
Потоа тој би требало да остави некој ден за разгледување на предлогот и че ја закаже седницата која во два дена ќе биде изгласана од парламентарното мнозинство. Нема можности за за дебата со денови, рокот тука е дефиниран. Што значи дека новата влада е готова и нема дилеми дека ВМРО ДПМНЕ  е симната од власт и официјано станува опозиција.

Се надевам дека кон крајот на неделата ќе финишираме со преговорите за владата и да завршиме најбрзо што може, изјави  лидерот на СДСМ и новиот мандатар Зоа Заев за „Телевизија 24“ .

„Сите политички партии се обврзавме да ја забрзаме постапката околу преговарање за новата влада и во рок од десет дена преговорите да бидат завршени“, рече Заев.

Според извори од парламентарноот мнозинство договорот речиси е стокмен и генерално поделбата на ресорите би биле 8 за сите партии на Албанците, значи ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците и 10 министерски места за СДСМ. Тоа е големата поделба додека останатите места , директорски позиции  воопшто не се дојдени на дневен ред, ниту се разгледувани.

ОД сите страни се исти тврдењат, дека новите лица не треба да се на удар на СЈО, и не ора да бидат и партиски членови туку еексперти и компетени лица кои ќе ја спроведуваат дефинираната од партиите на парламентарното мнозинство владина програма.

Околу имињата на министрите, главно во овој период се е на самопромоција, велат од СДСМ и останува тврдењето дека само тројца заедно со Заев , а можеби и само двајца ќе излезат од пратеничките клупи на СДСМ, целата група главно останува во парламентот. Министерски позиции ќе има и за поранешни пратеници на СДСМ, а за актуените , ќе треба да ја бијат парламентарната битка со силната опозиција на ВМРО ДПМНЕ. Имињата главо се нагаѓаат, но здрава е и таа самопромоција велат од СДСМ.

За Владата е лесно, насоките и принципите се дефинирини, конгресот на партијата, имињата на органите и кооптирање на нови лица во СДСМ е исто при крај така да нема неспокој, но ќе има изненадувања, вели висок извор од СДСМ за Локално.мк.

Во ДУИ во големата поделба на ресорите во новата Влада,  имаат проблем со БЕСА, тие не би сакале да и тие да бидат заедно во новата ВЛАДА . ДУИ  имаат проблем и со внатрепартиските одлуки дали на пример Теута Арифи да ја чуваат за локалните избори или Изет Меџите да биде едниот Вицепремиер, кој на последното истражување поминал одлично во  скопскиот регион. Артан Груби сака да биде министер ама сака и Бујар Османи. но клучното е дека Ахмети сито знае што сака и знае како ќе го реализира, и во поседен момент ќе им ја соопшти одлуката.

Декларацијата на трите албански партии од Македонија нема целосно да биде вклучена во програмата на новата влада од повеќе причини, кои се многу реални и искрени. Во програмата ќе влезат само најважните аспекти за големите реформски приоритети. За Македонија сега најважно е да просперира во ЕУ и НАТО со што поскоро членство, да остане стабилна и позитивно да влијае на регионот, изјави синоќа Али Ахмети, лидерот на ДУИ.

Алијанса за Албанците го имаат здравство и горе долу се стабилини и реални во барањата, велат извори од преговарачките тимови.

Заев во Брисел – Со кого се ќе се сретне?

ОД изутринава мандатарот Зоран Заев е веќе во Брисел. Тој рече дека посетата кај високата претставничка за надворешна политика Фередика Могерини е одлична можност да се видат сите лидери на регионот и да разговараат за европските перспективи на Македонија.

Очекувањата се дека  од Брисел ќе стигнат и  првите сигнали за прием на Македонија во НАТО, под привремената референца, и тоа да и даде нов ветер во грб на новата Влада на Зоран Заев.

Заев  пред летот за Брисел изјави  дека ќе објасни колку многу новата влада ќе работи на реформите и се надева дека ЕУ ќе ги поддржи заложбите на македонските граѓани за влез на Македонија во Европската Унија., и конечно вистински старт на евроатланските заложби.

Одлуката на високата претставничка за надворешна политика Фередика Могерини да го покани мандатарот Зоран Заев,  а да го  игнорира актуелниот технички и сеуште официјален премиер на Македонија Емил Димитриев, дефинитивно покажува  колкава е поддршката на ЕУ за  промени  на власта и за верба во политиките на Зоран  Заев, без огед на тоа кои имиња ќе бидат во новата Влада која сеуште е во фромирање.

Слични содржини