Новата Влада нема да провоцира, туку ќе разговара со Грција за брз влез на Македонија во НАТО!

од Vladimir Zorba

Новата Влада ќе се заложи да ги подобри односите со Грција и да овозможи нашиот јужен сосед да се согласи да прифати Македoнија да влезе во НATO под привремената референца, изјави премеирот Зоран Заев во отвореното студио на јавниот сервис. Тој истакна дека спорот за името може да почне да се решава по пат на засилени разговори, без провокации и со користење на геополитичките моменти.  Предупреди дека тоа што 2008 година беше разочарувачка за сите, затоа што бевме пред вратите на НАТО, не смееше да се врати со провокација.

– Немаме намера да правиме дополнителни провокации кон Грција. Треба да се прави нешто што нема да отвора нови рани. Спорот може да почне да се решава по пат на засилени разговори, без провокации и со користење на геополитичките моменти. Точно е дека немам магично стапче, само споделувам надеж и оптимизам. Но сигурно нема да градиме нови споменици и да именуваме нови автопати за да провоцираме. Исто како што е сигурно дека нема да дозовлиме да се допре до нашиот интегритет, постојат црвени линии. Барам оторена помош од соседството, со Грција, Со Бугарија, а за НАТО може да помогне и Албанија. Генералниот секретар на НАТО сака да ја посети Македонија наесен со добра вест. Тоа е возможно ако Грција го ослободи ветото, под референца да влеземе со НАТО, а да продолжиме преговори со Грција за нашето интегрирање во Европа. Нема да имам проблем да побарам поддршка од грчките граѓани за да и овозможат пат на Македонија кон евроинтегрциите. Негувам  надеж дека е можно во краток рок да станеме членка на НАТО со референцата, изјави Заев.

Премиерот најави дека првата посета во странство како премиер ќе ја реализира следниот понеделник во седиштето на ЕУ во Брисел и ќе се сретне со еврокомесарот Јоханес Хан, со кого ќе разговара за реформските приоритети на Владата, за спроведувањето на извештајот на Прибе, како и за извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија.

 

Слични содржини