Само во текот на минатата ноќ на грчкиот брег пристигнаа два брода со 4.200 бегалци, јавиваат светските агенции.

begalci-migranti-gr-620x320-1

И двата брода пристигнаа во Пиреја. Во минатата недела во Грција пристигнаа дури 23 илјади бегалци. Тоа е за 50 отсто повеќе од вкупниот број на беглици кои во Грција пристигнаа една недела претходно, соопшти Европската агенција за контрола на границите,Фронтекс.

Годинава во Грција пристигнаа 160 илјади бегалци. Тоа е повеќе е вкупната бројка на пребегани лани во Грција.

Грците постојано апелираат дека немаат доволно пари за да ги згрижи бегалците кои постојано пристигнуваат и ја повикува Европската унија да делува. Локалните хуманитарни организации, пак, постојано притискаат да им се дава повеќе помош на бегалците.

Слични содржини