Под ноктите на убиената пејачката Јелена Марјановиќ е пронајден биолошки материјал откриваат српските медиуми.

81424_jelena-marjanovi_f
Овој факт во голема мера може да влијае на натамошниот тек на истрагата за убиството што ја шокираше Србија.
– Под ноктите на жртвата е пронајден биолошки материјал, што покажува дека Јелена се бранела од убиецот. Ова сознание ќе влијае на натамошниот тек на истрагата, бидејќи врз основа на тоа најдоцна до утре ќе биде извршена ДНК анализа – открива изворот за српски информер.
Инаку, мажот на убиената пејачка Зоран Марјановиќ се уште е во притвор, иако по втор пат го поминал тестот на полиграф, но претходно дал контрадикторни изјави кои се во спротивност со изјавите на другите сведоци.
Така, на пример,тој рекол дека дел од патот до куќата го поминал пеш, иако други сведоци изјавиле дека тој дел го минал о автомобил.
Телото на Јелена тело беше пронајдено на насипот Црвенка во Борча, а во текот на  полициската истрага досега е јасно утврдено дека популарната пејачка е брутално убиена со тап предмет, можеби со чекан, и дека во таа прилика му се спротивставувала на убиецот.

Слични содржини