Нови документи на веб страната на Министерство за здравство, за поголема транспарентност и отчетност

од desk2

На веб страницата на Министерството за здравство за првпат се објавени и достапни повеќе документи и информации од јавен карактер, со цел унапредување на транспарентноста и отчетноста, а согласно одлуката на 34. седница на Владата со која институциите се задолжуваат јавно, преку официјалните веб страници да објават документи од делокругот на работа.

Објавените документи се достапни на официјалната веб страница на Министерството за здравство, www.zdravstvo.gov.mk, во категоријата ПРЕС – листа на информации од јавен карактер, на следниот линк http://zdravstvo.gov.mk/lista-na-informacii-od-javen-karakter/ .

Меѓу документите достапни се: буџетот на Министерството за тековната и претходните години, ревизорски извештаи, годишни планови за јавни набавки, правилници за систематизација на работните места и правилници за организација, закони и подзаконски акти во надлежност на Министерството, органограм за внатрешната организација, листа на вработени со службени телефони и e-mail адреси и други информации од јавен карактер.

Исто така, на веб страницата е достапен и календар на настани организирани од Министерството за здравство и јавните здравствени установи, кој тековно се ажурира.

Слични содржини