Веселата математика со пратениците е едно , но  одговорот  кој се е (со)учесник во тонењето и тискањето во калта на Македонија, како тоа сите се едногласни дека  Македонија е ЗАРОБЕНА ДРЖАВА, каде и поради што и поради кого потоноваме, кој ја стави во игра меѓуетничката карта, кој ги разбуди  страстите за нови платформи и декларации, и чиј е тој политички менаџмент: на странците , домашните предавници или на патриотите !? Се тоа ќе мора гласно да се каже?
Али Ахмети пред и официјалното седнување на маса со Никола Груевски за старт на преговорите го свикува централното претседателство. Извршен комитет имаа и ВМРО ДПМНЕ. СДСМ исто така заседаваше со совојот извршен , така да лидерите од првиот до последниот се покривја со грбот на партијата. И без да дадат сопштенија се знаеше што ќе се каже- Треба да се преговара и да се направи избор за нова влада и така открија дека има  жешка  вода во бојлерот.
Според лидерот на ДУИ, во игра се четири опции за коалицирање околу идната влада, а конкретниот став на партијата ќе биде соопштен по анализирањето на состојбата.Според него можело и со едните и со другите и со третите и дури и  нови избори. И тој бегајќи од суштината  ја откри Америка !
Сепак неговата мака е нешто внатре во партијата. Дел од пратеницит кои отворено му се спротиставуваат да влезе повторно во коалиција со Никола Груевски, и дека ако отиде во таква нова авантура не само што изгуби 10 пратеиници сега може да изгуби и уште 5 и да биде најголемиот губитник на крајот на денот.
Јасно е дека Али Ахмети , како лидер на ДУИ , уште еднаш ќе се соочи со отпорот на дел од Централното претседателство околу повторно коалицирање со Никола Груевски, ама тука се и локалните избори што му дишат во врат. Клучната дилема се аргументите(читај парите) на оние што мислат дека треба да се продложи  со „тендер братството“ со Груевски и Мијлаков.Другата се обврските кон межународниот фактор и континуитетот од 2001, преку политика и преобразбата на интегративците во политичките води. Извори од ДУИ,  потенцираат дека Ахмети веројатно ја знае одлуката , и сите ризици и сите препораки ,меѓутоа се тоа ќе се пакува како одлука на целата партија, а не само врз него како лидер. Тој сепак во целиот пакет сега ја  подига само својата цена, па вели: „Да, наспроти ВМРО-ДПМНЕ има и  други субјекти. Дали ќе влеземе  во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, дали со СДСМ, дали ќе  се излезе со понуда за техничка влада, т.н. Проширена каква што имавме до 11 декември или пак можеби ДУИ ќе донесе одлука да биде во опозиција, вели  сите опции се отворени“ 

Со своите сопартијци  се координираше  и Никола Груевски. Неофицијално, според јавното соопштение централна тема бил претстојниот процес на формирање влада. Притоа Извршниот комитет му дал полн легитимитет на претседателот Груевски за отпочнување разговори за состав на новата влада кои треба да се водат врз принципиелни основи, запазувајќи ги државните интереси. Неофицијално споед  партиски извори  договорено е ВМРО-ДПМНЕ  да не отстапува  од принципот победник со победник да прави влада, но и до крај да се искористи позицијата на претседателот Иванов околу менаџментот на  мандатарството за идната влада, и да се држат максимално долго сите институциите под своја контрола.Извршниот одбор на СДСМ пак на  завечерашниот состанок уште еднаш оцени дека е постигнат огромен успех на парламентарните избори на 11 декември, на коишто мнозинството граѓани на Македонија избраа промени на власта и  ставот на Извршниот одбор е дека Македонија мора да добие Влада на граѓаните на Република Македонија којашто ќе почне со решавање на нивните реални проблеми.

Граѓаните сакаат квалитетен живот, во едно општество на еднакви граѓани, правда и независно судство, државни институции што работат во служба на граѓаните.

Сето ова е содржано во извештаите на Европската комисија и на Рајнхард Прибе и мора да биде основа на реформските приоритети на новата Влада на граѓаните на Македонија.

Сите партии коишто имаат освоено пратеници во Парламентот, освен криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, не смеат да дозволат формирање Влада во којашто би учествувале лица обвинети за тешки кривични дела, кои ги уништиле животот и перспективите на граѓаните и на Република Македонија, соопштуваат од СДСМ.

Заробеноста на Ахмети

На  крајот на денот  се аргуметите. Главната закана за Али Ахмети е минатотот и пајташтвото со Никола Груевски. Тој  како да се заборави  дека неговата партија е соучесник  и дел во таа криминална влада, и никако не може да биде просветител, најмалку на албанските интереси. Неговата позиција сега за некаков месија на албанските интереси е смешна , затоа што тој тоа можеше да го направи во измнинатите 15 години од 2001 наваму и треба токму на своите Албанци да им одговори зошто тоа не го направил ? Него го поразија токму тие  со кои сега се обидува да им биде лидер и да ги стави под свое и да с колицира. И Алијансата и Беса , и гласовите на граѓаните кои отидоа во  македонскиот блок се се тоа  гласови против Ахмети и политиките на ДУИ. И политичка перверзија  е однесувањето на Ахмети кога се поставува како решение за проблемот , а всушност тој е причината заедно со Груевски. Тој седече на истата маса во  истата таа влада која ја дефинира за криминална, и со луѓето кои сега ги гони  СЈО, а нивниот грб им го чуваа луѓето на Ахмети.

Да, точно е дека во игра можат да бидат сите опции, и  дека нови избори ќе има , ама првин ќе мора да се расчистат неколку работи до каде се државните, до каде партиските, од каде личните интереси ! Ќе мора првин да се направи нова влада, со граѓаните кои гласаа против, и кои всушност се победниците.

Веселата математика со пратениците е едно , но  одговорот  кој се е (со)учесник во тонењето и тискањето во калта на Македонија, како тоа сите се едногласни дека  Македонија е ЗАРОБЕНА ДРЖАВА, каде и поради што и поради кого потоноваме, кој ја стави во игра меѓуетничката карта, кој ги разбуди  страстите за нови платформи и декларации, и чиј е тој политички менаџмент: на странците , домашните предавници или на патриотите !? Се тоа ќе мора гласно да се каже? Лажњаците или „Face news“ иако добро се продаваат и се проблем,  ама сепак се  знае дека се само лажни вистини или едноставно нереални, или по нашки…Вистината е како шило !

Ад

Слични содржини